(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Умре правдата, пресудата е одмазничка

Од:

„Тоа што си го смислиле, тоа го образложуваат“. Ова е ставот на Миле Јовановски кој е осуден на условна казна во „Меѓународен сојуз“, а татко на Бојан Јовановски-Боки 13. Тој посочи дека пресудата е одмазничка, пред сѐ затоа што неговиот син презентирал инкриминрачки пораки со Русковска и други функционери. Според Миле Јовановски, цела Влада и Заев знаеле за сѐ, а се кријат.

„Дефинитивно денеска умре правдата во Македонија, дефинитивно умрено е Обвинителството на госпоѓица Русковска, судството на господин Џолев и неговите јастреби. Денеска одмаздички пресуди, одмазничко сѐ, без никакви докази. Тие си ги местат како нив им одговара. Како му одговара на Обвинителството така се суди овдека. Македонија нема правда, Македонија има од дон Заев само пипците му се останати. Нека не чекааат правда, Македонците, Албанците и сите други кои живеат во Македонија, правдата е умрена“, рече Миле Јовановски.

Тој додаде: „Вакви казни може само во Македонија, во Занзибар ги нема ниту може вака да се суди“.

Четири казни за физички и една за правно лице, изрече судијката Софче Гаврилова-Ефремова заедно со судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз“. На претседателот на невладината организација Бојан Јовановски-Боки 13 му изрече девет години, заменик-претседателката Јасна Мандиќ доби четири години, таткото на Боки 13, Миле Јовановски доби условна казна, експратеничката Фросина Ременски е ослободена од обвиение. Асистентката на Боки 13 – Кристина Блажевска и е изречена казна од една година. „Меѓународен сојуз“ треба да плати еден милион денари.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски