Продолжува судењето за убиството кај Смиљковско езеро, со доказната постапка против шестемина обвинети за тероризам и помагање тероризам.
Искази за грозоморното убиство досега дадоа родителите на убиените и четворицата сведоци кои ноќта на 12. април, биле на Смиљковското Езеро.
Пред судот тие рекоа дека слушнале рафални истрели, виделе наоружен човек и минале покрај мртвите тела на петемина убиени.
Но сепак сведоците не идентификуваа ниту еден од обвинетите во судницата.
Тие не го препознаа ниту возилото „Опел Омега“.
Двајца од осомничените за убиството, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство, па им се суди во отсуство.