Судење за случајот „ТНТ“, одбраната до денес требаше да ги преземе сите доказни материјали

Од:

Судењето за случајот на специјалното јавно обвинителство ТНТ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски продолжува денеска во кривичниот суд. Одбраната до денешното рочиште требаше да ги преземе сите доказни материјали доставени од СЈО, 26 аудиоснимки од телефонски разговори, 50 СМС-пораки и едно вештачење.

Сите седуммина обвинети, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, се изјаснија како невини.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски. Цаноски, пак, и претставник на фирмата ФИМЕТ, најави дека ќе поднесе побарувања за причинетата штета. Апелациониот суд лани одлучи прислушуваните разговори во случајот ТНТ да може да се користат како докази во судската постапка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош