Судбината на „мерцедесот“ на Груевски ќе се знае по изборите

Од:

Судбината на „мерцедесот“ за чие што противзаконито влијание беше осуден експремиерот Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, како и Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, ќе биде позната по завршување на изборниот процес, потврдија од Владата за „А1он“.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на изборите ќе има решение. Додека се одвиваат претседателските избори, процесот е во мирување“, велат од Владата.

Службата за општи и заеднички работи го презеде екстралуксузното блиндирано возило од Министерството за внатрешни работи, по што беше огласен на лицитација, но постапката беше запрена поради судскиот процес на СЈО под кодно име „Тенк“. За овој судски предмет беа донесени правосилни судски одлуки, но „мерцедесот“ сè уште не е на продажба.

Бирото за судски вештачења го процени „мерцедесот“ од 580 илјади евра на 234 илјади евра, поради амортизацијата и поминатите километри. „Мерцедесот“ лани беше петти пат сервисиран за сума од 27 илјади евра и затворен во гаражата под МРТВ.

Државата досега за вкупно 5 сервисирања потроши приближно 120 илјади евра. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вети дека од продажбата на „мерцедесот“ ќе купи амбулантни возила.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов

Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Ана Ололовска