Студентски пленум утре ќе држи „Прв пленумски час“

Од:

Студентски пленум утре во 12 часот, на платото на УКИМ, организира настан „Прв пленумски час“ кој има за цел да ги дочека бруцошите и да им ги предочи проблемите и предизвиците кои допрва ги очекуваат.

„Започнува академската година и со тоа продложува нашата студентска борба! На 15ти септември во 12 часот на платото ќе ве поздрават пленумците, со тоа што ќе ви посакаме добредојде бруцоши. Ќе бидеме колегијални и ќе ви ги предочиме проблемите со кои ќе се соочувате секојдневно низ своето студирање, проблемите кои не се сериозно адресирани, но заедно со ваша сила ќе ги менуваме. Студентски пленум не седи сокриен во канцелариите како некои нелегитимни студентски т.н. организации, туку е секогаш отворен за студентите полни со нови идеи, ставови и желба за промена. Активирај се! Студентизирај се! Приклучи се!“, велат од Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ