Студентскиот пленум информира дека во текот на денот, бојкот на настава се случил на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет и Архитектонски факултет.
На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на ФЗФ/ФЛФ, во знак на поддршка не се реализира настава.
На Правен факултет веќе два дена, се случуваат предавања како дел од алтернативниот курикулум кој го организираат студентите од Правен факултет.