Студентскиот пленум нема да соработува со Министерството за образование околу Законот за високо образование, бидејќи сметаат дека тие продолжуваат со манипулации и арогантен однос. Тие ќе ја бојкотираат секоја одлука на надлежните која ќе биде донесена и доколку МОН и УКИМ ги усогласат ставовите, јави 24 Вести.
Тие излегле од работните групи бидејќи и покрај доставениот предлог-концепт, надлежните со недели го одолговлекувале процесот не доставувавјќи ги забелешките. Според Пленумот, тие не знаат какви забелешки има Министерството па оттука неможе да се каже дека концептот е прифатлив за сите страни.
Ослободување на сите приведени студенти по протестот од 5 мај и овозможување да се бранат од слобода, побараа денеска од Студентскиот пленум поради тоа што сметаат дека мерката притвор е прекумерна, неоснована и непотребна.
Судот денеска им изрече осум условни казни на дел од демонстрантите кои беа притворени по антивладините протести од 5 мај, додека еден од демонстрантите, вујкото на убиениот Мартин Нешковски, е осуден на 10 месеци затвор, бидејќи претходно е осудуван за слично дело.