Студентски отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Од:

„Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ – многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има“, велат од Студентски отпор.

„Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови.

Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини.

Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци – но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%.

До кога ќе трпиме вакви работи драги наши колеги, до каде ни е полна ќашата?“, се наведува во соопштението на Студентски отпор.

Би можело да ве интересира

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

A1on

Студентски отпор: Притисоци и закани кон студентите на филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан

Студентски отпор: Луѓето на средбата со ВМРО-ДПМНЕ не се наши членови туку од подмладокот на таа партија

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ не се согласува со предлогот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Ана Ололовска