Студентски отпор: Притисоци и закани кон студентите на филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан

Од:

Чувствуваме обврска да ве информираме и предупредиме за случувањата деновиве на Филозофскиот Факултет. Имено, во пресрет на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот Факултет се врши огромен притисок врз студентите од страна на професорите велат од Студентски отпор.

– Поради овогодинешниот избор за нов декан на Филозофскиот факултет каде што право на глас имаат именувани студенти од Факултетското студентско собрание започнати се меѓупрофесорки превирања со политички позадини за тоа кој ќе биде нов декан. Штета од овие политички превирања во професорските кругови за тоа „кој ќе го добие престолот” ја трпат студентите. Ве известуваме дека во овие денови се нарушува студентската автономија затоа што професори и од едниот и од другиот „тим” во оваа нивна политичка битка вршат притисоци врз студенти за избор на овој или оној кандидат за претседател на Факултетското собрание, надевајќи се дека тој кандидат ќе им донесе глас повеќе при изборот на нов декан на Филозофскиот факултет. Ваквите игри не само што ја нарушуваат студентската автономија која е загарантирана туку и сериозно го поткопуваат и нарушуваат кредибилитетот на УКИМ како најстар универзитет во Македонија. Апелираме до студентите на Филозофски факултет доколку почуствуваат закани, притисоци од професорите да се обратат до Студентски Отпор, а при изборите да гласаат по сопствена волја.”, се вели во соопштението од здружението.

Би можело да ве интересира

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов

Студентски отпор: Луѓето на средбата со ВМРО-ДПМНЕ не се наши членови туку од подмладокот на таа партија

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ не се согласува со предлогот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Студентски отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Ана Ололовска

Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Ана Ололовска