Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Од:

Студентите најавија масовен протест во понеделник пред Министерството за образование и наука затоа што не им се исплатени стипендиите за месец октомври.

Од „Студентски отпор“ велат дека им било ветено ислата на стипендиите за месеците од октомври наваму ќе им бидат исплатени на 1 февруари, но нивните трансакциски сметки останале празни, а со тие средства ги покривале трошоците за запишување на семестар.

„И покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец Октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 Февруари како краен рок сепак денес нашите трансакциски сметки останаа празни. Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање.

Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок.

Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз и честото лажење на МОН, ние, студентите, најавуваме масовен протест во понеделник во 16:00 на 05.02.2024 пред МОН.

Ги повикуваме сите наши колеги, другари да ни се придружат масовно на овој протест упатувајќи порака до МОН дека повеќе вака не може.
Ако не се избориме сами за своите права, тогаш кој? Ако не сега, кога?
Понеделник во 16:00 се гледаме пред МОН“, објавија од „Студентски отпор“.

Би можело да ве интересира

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски