Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

До Студентски Отпор стигна информација дека надлежните ги заплениле сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев”. Освен тоа им се заканиле дека ќе ги избркаат студентите кои не ги послушале нивните наредби. Го гледаме ова како агресивна и драконска мерка која не успева да ја реши основната причина за проблемот, информираат од Студентскиот отпор.

Оттаму посочуваат дека забраната за користење грејни, дел од антикризните мерки на Владата опстојуваше во текот на целата зима, а сега повторно на студентите им се ускратува правото на основно греење во постудените месеци.

-Сметаме дека ова е неприфатлива антикризна мерка и дека студентите не треба да бидат исклучени од основните потреби.Ги повикуваме властите да ги преиспитаат своите постапки и да ги исклучат студентите од антикризните мерки на Владата. Императив е потребите и благосостојбата на студентите да се земат предвид при сите одлуки што ги носат властите. Студентски Отпор ќе продолжи будно да ја следи состојбата и да се залага за правата на студентите во домовите, наведуваат во соопштението.

Би можело да ве интересира

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов

Студентски отпор: Притисоци и закани кон студентите на филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан

Студентски отпор: Луѓето на средбата со ВМРО-ДПМНЕ не се наши членови туку од подмладокот на таа партија

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ не се согласува со предлогот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Студентски отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Ана Ололовска