Студентски отпор најавува радикализација и секојдневни блокади на Скопје

Од:

МОН преку континуираната негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права. Веќе влегуваме во третиот месец од новата година, а МОН нема исполнети ниту едно ветување велат од движењето Студентски отпор.

– Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за јануари. Студентите кои се првпат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец Ноември, а сега завлегуваме во месец Март. Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата – слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк.Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ се вели во соопштението од Студентски отпор.

Од таму велат дека преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март.

– Најнова информација од МОН е дека до 15. март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор. Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15. март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град се наведува во соопштението од Студентски отпор.

Би можело да ве интересира

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов

Студентски отпор: Притисоци и закани кон студентите на филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан

Студентски отпор: Луѓето на средбата со ВМРО-ДПМНЕ не се наши членови туку од подмладокот на таа партија

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ не се согласува со предлогот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Студентски отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Ана Ололовска

Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска