Студенти од ФИНКИ спроведуваат петиција за зголемување на свеста за недостатокот на условите во образовните институции

Од:

Група студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје започнаа петиција преку која треба да  ја спроведат својата граѓанска иницијатива за зголемување на свеста за недостатокот на условите во образовните институции во државата.

Се работи за студентски проект именуван како „ОбразованиеЗаСите“ формиран од група студенти на ФИНКИ  под менторство на професорот, Владимир Трајковиќ.

Студентите по извршената проверка на условите во техничките факултети констатирале дека условите за лицата со физичка попреченост се речиси непостоечки.

Со цел да ги потврдат своите констатации, тие спровеле анкета за граѓаните од кои барале да ги оценат условите во образовните институции.

Просечната оценка од спроведената анкета е 2.16, од можни 5.

Повеќето од анкетираните се изјасниле дека нема услови во нивната образовна институција, најмногу недостасуваат тоалети за лица со физичка попреченост, лифтови, ескалатори, а голем дел од образовните институции не поседуваат ниту пристапни рампи за лицата со физичка попреченост.

Студентите велат дека загрижувачки е и фактот што според анкетата само 2.9 отсто од анкетираните одговориле дека нивната образовна институција користи асистивна технологија за лицата со оштетен вид и слух, со којашто тие би можеле да ги следат предавањата.

По спроведената анкета, студентите одлучија да започнат петиција со која ќе бараат од надлежните институции да ги обезбедат основните услови за непречено образование на лицата со физичка попреченост.

„Доколку надлежните инситуции не превземат ништо, ќе се обидеме да најдеме фирма која би помогнала во овозможувањето на идејата за подобри услови за лицата со физичка попреченост во образовните институции на тој начин што би го финансирала нашиот проект“, велат студентите.

Петицијата можете да ја најдете овде.

Би можело да ве интересира

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски