Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Од:

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница како последица на сообраќајна несреќа, кога во неа удри товарно возило управувано од Н.О. (57) од Струга.

– На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од село Мислодежда, струшко. По несреќата И.И. била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала, посочуваат од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а во 21:40 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ