Струшките плажи и годинава со спасители

Од:

Концесионерите на струшките плажи и годинава во соработка со Црвениот крст обезбедија спасители, кои во текот на целиот ден се грижат за безбедноста на капачите.

Согласно обврските за концесија, сопствениците, како што информира концесионерот Боро Симјаноски, на плажите имаат направена специјална кула од каде спасителите може да ја набљудуваат цела плажа.

– Оваа година како и минатата со Црвениот крст постигнавме договор и ангажиравме спасители кои се грижат за безбедноста на плажата и досега не сме имале проблеми со капачите. Безбедноста е евидентна, плажата е оградена, спасителите се тука, истакна Симјаноски.

Бојан Анѓелкоски спасител на плажа, посочи дека нивното присуство е неопходно за сигурност на капачи што не знаат да пливаат.

– На плажата доаѓаат многу туристи кои не знаат да пливаат, а сепак сакаат да пробаат да одат подалеку. Спасителите им влеваат голема сигурност и надеж за слободно да се бањаат и рекреираат. Ги поминавме сите обуки. Оваа година речиси сите плажи во Струга се покриени со спасители и барам досега немало некој поголем инцидент, нагласи Анѓелкоски.

Спасителите на плажите се практика во речиси сите туристички дестинации во светот.

Би можело да ве интересира

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ