Струшката литија ќе се одржи и годинава, организаторите тврдат – под строги протоколи

Од:

Под строги здравствени протоколи за заштита на населнеито од ширење на коронавирусот, без традиционалните торжества и толпата верници в петок низ струшките улици ќе се одржи познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот, најави организаторите.

Организаторите апелираат до верниците, доколку сакаат се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите или тротоарите со почитување на здравствените протоколи.

– Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид-19, годинашната Литија ќе се одржи под строги здравствени протоколи. Низ улиците ќе поминат моштите од Свети Георгиј Победоносец и чудотворната икона со братството и сестринството од Бигорскиот и манастирот во Рајчица, без оркестарот и традиционалните торжества. Апелираме до верниците да не се движат во толпата. Доколку сакаат да се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите и тротоарите со почитување на мерките за заштита, држење растојание и носење заштитна маска, посочи организаторот.

Според најавите, Литијата ќе се одржи под силно полициско обезбедување и строго почитување на протоколите.

Традиционално на вториот ден Ѓурѓовден, 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Годинава, во услови на пандемија, моштите од светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф и по отслужување на вечерната богослужба, Литијата ќе почне да се движи низ Струшките улици околу 17 часот.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски