Струмичанка и ја „олеснила“ картичката на колешката за 92.000 денари

Од:

Дваесет и шестгодишната Ц.И. од струмичкото село Градско од платежната картичка на колешката во неколку наврати бесправно одзела вкупна сума од околу 1.500 евра.

Како што соопшти МВР, полициската станица Струмица против Ц.И. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’.

– Во текот на 2016 година во маркет во Струмица, додека пријавената била на работа заедно со В.П., таа користејќи згодна прилика ја одзела платежната картичка на В.П. заедно со листот на кој бил напишан пин кодот на картичката, по што во повеќе наврати вршела нелегални трансакции во различни износи на банкомат во Струмица. На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од 92.000 денари, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари