Струмичани славеле роденден и се фалеле на Фејсбук, добија кривични пријави

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

„На 5 јануари во домот на првопријавениот во Струмица, организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица што е спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена,“ се вели во полициското соопштение.

Второпријавениот Д.К. снимил видеа на кои се гледа присуство на повеќе лица видеосодржини и ги објавил на социјалните мрежи, велат од МВР.

Полицијата ги обезбедила објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, ги испрашала вмешаните, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Невремето предизвика големи штети во струмичко