СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.В.(46) од Струмица, вработен како возач во Медицински центар Струмица за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 05.12.2012 година, во Струмица во Медицински центар Струмица, додека двајца полициски службеници вршеле разговор со три лица кои претходно учествувале во тепачка со двајца болничари од нервното одделение, од кои едниот бил братот на пријавениот, истиот изреволтиран почнал да им се заканува на лицата и се обидел физички да ги нападне, а откако бил спречен од страна на полициските службеници, физички нападнал еден од полицајците нанесувајќи му видлива повреда.