Струга доби контејнери за органски отпад

Од:

Општина Струга доби контејнери за селектирање органски отпад во рамки на проектот за намалување на органскиот отпад „Safewaste Cyckle“.

Во контејнерите, како што информира денеска Роланд Амзаи од секторот за комуникации во општина Струга, предвидено е да се собира органскиот отпад од зелениот пазар, парковите и од домаќинствата, како и остатоци од зеленчук, овошје, гранки, трева, пилевина и лисја.

– Пристигнаа 20 контејнери со зафатнина од 1,1 метри кубни и 10 контејнери со зафатнина од пет метри кубни. Собраниот отпад ќе се третира во единицата за компостирање, која ќе работи во рамките на Јавното претпријатие „Комунално“. Наредната недела треба да пристигне и соодветна механизација и опрема за производство на компост, изјави Амзаи.

Целта на проектот, според него, е преку селектирање и рециклирање на органскиот отпад да се намали количината на отпад во градската депонија.

– Произведениот компост ќе се користи во градската цвеќара, како и за подобрување на цветните и парковските површини во Струга, појасни Амзаи.

Проектот „Safewaste Cyckle“ за намалување на органскиот отпад се реализира во рамките на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција, финансиран од ИПА програмата.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски