А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стразбур внимателно ја следи ситуацијата во Македонија

by А1он18/02/2013 - 16:18186
Share0

Во Стразбур владее извесна претпазливост во однос на последниот развој на ситуацијата во Македонија по одлуката на опозициијата да не учествува на престојните локални избори, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Добивај вести на вибер

Од Советот на Европа, најстарата паневропска организација, во која Македонија е членка од 1995 година, досега не успеавме да добиеме официјална реакција. Eден од аташеата за печат само ни објасни дека Советот на Европа сака да има појасен преглед на ситруацијата пред да се реагира официјално.

Слично е и со нејзиниот советодавен орган-Конгресот за локaлни и регионални власти, надлежен за следењето на локалната демократија во Европа. Делегација на Конгерсот имаше најавено предизборна посета на Македонија од 24 – 27 февруари, каде на лице место ќе требаше да се состане со претставници на централната и локалната власт, невладини организации, универзитетски работници и претставници на медиуми, за да се запознае со предизборната политичка и медиумска клима, пред да ја испрати делегацијата за следење на изборите на 24 март.

Андре Бушман, известувачката во Конгресот за локалната демократија за Македонија, откако беше запозната со одлуката на опозицијата да не учествува на локалните избори, за ДВ кратко коментираше дека „оваа одлука само го поништува позитивниот карактер на извештајот на Конгресот за локални и регионални власти“.

Имено, во октомври минатата година, Конгресот го усвои извештајот во кој покрај забелешките имаше и многу пофални зборови за локалната демократија и процесот на децентрализацијата во Македонија.

Деновиве група од 21 член, на Парламентарното Собрание на Советот на Европа(ПССЕ), кои доаѓаат од 17 земји членки, изразија загриженост „за функционирањето на демократските институции“ во Република Македонија. По одлуката на опозицијата да ги бојкотира локалните избори не е исклучено ПССЕ и воедно Советот на Европа да реагира во овај случај, како што реагираше во слична ситуација во Молдова или Албанија.

strazbur

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески16/11/2023 - 13:0316/11/2023 - 13:05

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ20/05/2023 - 07:3020/05/2023 - 08:10

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

Стразбур во февруари ќе соопшти дали важат помилувањата од експретседателот Ѓорѓе Иванов

Кристијан Ландов31/01/2023 - 14:5431/01/2023 - 16:49

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски16/04/2021 - 19:5117/04/2021 - 00:12

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка

Катерина Ѓуровски15/12/2020 - 16:1516/12/2020 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен