Стразбур пресуди во корист на Бошкоски, државата треба да му плати отштета за „Кампања“

Од:

Судот во Стразбур пресуди во корист на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“, а Македонија ќе треба да му исплати парична отштета. Во пресудата стои дека одлуката е донесена поради неправедност при водењето на судската постапка, односно неоправдано исклучување на јавноста од рочиштата, но и прекршувања на законот при сослушување на заштитениот сведок. Судот констатирал дека секој има право на фер и јавно сослушување во разумен рок на независен сведок, а медиумите може да бидат исклучени само во случај да бил нарушен моралот, редот во судницата, националната безбедност, заштита на приватниот живот и слично, а истото не било случај во постапката против Бошкоски.

Судиите ја задолжуваат Македонија, освен паричната оштета, на Бошкоски да му се исплатат и затезни камати во рок од три месеци од правосилноста на пресудата.

Бошкоски е првиот осуденик во државата за незаконско финансирање на изборната кампања, откако еден ден по изборите во 2011 година беше уапсен пред скопски ресторан со 100.000 евра за изборна кампања кои ги добил од бизнисмен, кој, пак, подоцна се јави во процесот како заштитен сведок.

Токму во текот на судењето тој беше единствениот сведок, кој стана заштитен, а одбраната на Бошкоски тврдеше дека „Кампања“ е наместен процес и дека заштитениот сведок воопшто не бил да сведочи во Скопје, затоа и никој не го виде ниту на екранот додека сведочеше од друга просторија. Додека даваше изјава заштитениот сведок, јавноста и медиумите без избркани од судницата.

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење и да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија Обединети за Македонија за време на изборите во 2011 година.

Судот во однос на тужбата на Бошкоски против Република Северна Македонија констатира и дека во текот на целото судење имало „недостиг на правичност“ согласно Европската конвенција за човекови права, поради што пресуди да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи.

Подоцна, во бомбите што ги објави СДСМ, се слушаа и разговори за договарање околу апсењето на Бошкоски, но и медиумско покривање на акцијата. Во нив можеше да се слушне разговор меѓу тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалов, и новинарот Драган Павловиќ – Латас, каде Мијалков вели „Лежеше таму на стомак со лисици, врзан едно пола саат и дојдоа новинари, го испосликаа. Викал ‘Сашо Мијалков ме намести’, а врзан со лисици од позади, лежеше тука 40 минути сите го гледаа”, а Латас му враќа „Леле, леле“.

Во другиот разговор се слуша како Емил Стојменов и Сашо Мијалков се договараат медиумско покривање на апсењето на Бошкоски. Мијалков му вика на Стојменов: „Прати камери сега таму, ќе го носат на суд, исто и пред Воденица, може имаш камера таму“, а Стојменов му враќа: „Има, има“. Мијалков потоа му вели: „Ќе си пуштите оригинал како што сте снимале, немојте да заматувате, ова она“, а Стојменов продолжува: „А бе го пуштија во пет саатот со пиштолот и со тоа. Јас ги видов на ‘Канал 5’“.

За начинот на апсењето поведе постапка и СЈО во предметот „Тортура“ кој е вратен на повторно судење, а во кој се обвинети Сашо Мијалков и припадници на единицата „Алфи“ кои го асеа Бошкоски пред скопскиот ресторан „Воденица“.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ