Сторени се повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови во Куманово

Од:

Од СВР Куманово преземени се мерки поради повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.

Врз основа на издадена судска наредба, е извршен претрес во домот на Р.М (47), при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки.

Истиот ден е извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16-годишникот, во присуство на неговата мајка.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР Куманово.

 

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против лице од скопско, расчистени четири тешки кражби

Ги намаливме кражбите, ама и граѓаните треба подобро да се штитат, порачува Спасовски

Жарко Настоски

Дрски скопски крадци влегле преку балкон и ограбиле мајка и ќерка, додека жртвите спиеле

Жарко Настоски

Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово

Штипската полиција фати тинејџер-сериски арамија кој извршил 22 кражби

Жарко Настоски

МВР: Кражба на аптека во скопско, палени контејнери кај пазарот Буњаковец

А1он