Стоп за говорот на омраза на интернет

Од:

Центарот за меѓукултурен дијалог и Националнит комитет за кампања против говорт на омраза на интернет на денешната панел дискусија ги презентираа механизмите за борбата против овој тип на дискриминација.

Кампањата која ќе трае до 2014 година е дел од европската кампања под закрила на Советот на Европа, а во Македонија е поддржана и организирана од Националниот комитет кој е креиран од Агенцијата за млади и спорт и малдинските невладини организации Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД), Младински образовен форум (МОФ) и АМОС.

Матеј Маневски, претседател на ЦИД истакна дека тие од 2012 година активно работат на реализирање на активности и процеси поврзани со говорот на омраза на интернет, како и дека тоа е причината тие да се домаќини на денешната панел дискусија.

Идеата на кампањата е да ја подигне свеста за говорот на омраза кој што постои на интернет, а започнала како одговор на се поголемата вклученост на младите на социјалните медиуми и интернетот.

govorrrr (3)

„Организациите кои работат на ова кампања работат со млади луѓе како главна таргет група и оваа панел дискусија е организирана токму за нив, со единствена цел да се покрене свеста кај македонската јавност за постоењето на ваквите се позачестени појави на дискриминација на интернет“, изјави за А1он Ивана Давидковска од ЦИД. Исто така со ова се посочуваат и одредените механизми за тоа како младите луѓе да промовираат позитивни пораки на интернет, но и како да реагираат кога ќе се соочат со говорот на омраза, истакна Давидковска.

Еден од механизмите против говорот на омраза на интернет е можноста граѓаните да се обратат до Комисијата за превенција од дискриминација, како и репортирањето кое е еден од најобичните механизми кои постојат на социјалните медиуми. Давидковска посочи дека затоа што генерално не постојат некои конкретни методи за тоа како може да се спречи говорот на омраза на интернет, целта на кампањата е да се работи на свеста на луѓето како и подигнување на нивото на образование во делот на дискриминација на интернет и социјални медиуми.

Потребата од оваа засебна национална кампања, панелистите ја сметаат за нужна бидејќи говорот на омраза постои во секоја земја, но контекстите на дискриминација во секоја од нив се разликуваат засебно, а преку засебните кампањи се осигурува добар локален ефект.

govorrrr (2)

Процедурите и рамките за заштита од дискриминација на граѓаните како и можноста каде тие можат да се обратат при прекршување на нивните човекови права ги објасни Душко Миновски претседател на Комисијата за заштита од дискриминација. Миновски посочи дека досега како комисија имаат примено над 150 пријави за нарушување на човековите права, а начинот на кој реагираат е само откако ќе добијат пријава.

На самиот настан покрај панел дискусијата учесниците имаа можност да се запознаат и со резултатите од меѓународната конференција „Младите и Интернетот“ која се одвива деновиве во Маврово, со што гостите имаа можност да се запознаат и разговараат со 50-на млади луѓе кои доаѓаат од цела Европа.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО