Иран го обнови меѓународниот пристап до интернет

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан нареди враќање на меѓународниот пристап до интернет, објавија иранските државни медиуми, повикувајќи се на раководителот на односи со јавноста во Министерството за комуникации, пренесува Ројтерс.

Според интернет опсерваторијата NetBlocks, повеќето Иранци немаат пристап до глобалната мрежа веќе 87 дена. Само мал број граѓани успеале да ги заобиколат ограничувањата користејќи скапи и напредни VPN услуги.

Иранските власти речиси целосно го блокираа пристапот до интернет од почетокот на нападите на САД и Израел, дополнително ограничувајќи го протокот на информации од земјата. Прекинот се случи во време на интензивни воени операции и обиди за контрола на информациите во Иран, додека се водеа борби на терен и безбедносни операции поврзани со војната.

Ова не е прв пат Иран да прибегне кон исклучување на интернетот. Слични мерки беа воведени и во минатото за време на големи антивладини протести, кога властите се обидуваа да го ограничат ширењето на информациите и да го отежнат организирањето демонстрации.

Повторното воспоставување на пристапот до интернет доаѓа по речиси три месеци ограничувања кои, според организациите што ја следат слободата на интернет, значително влијаеле врз секојдневниот живот на граѓаните, бизнисот и комуникацијата со странските земји. Властите сè уште не објавиле детален временски рок за целосна нормализација на пристапот до мрежата.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски