Стоматолозите бараа информации за заболени од Ковид 19 за да се заштитат

Од:

Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување на сите матични стоматолози да им доставуваат секојдневно листа со лицата позитивни на вирусот и тие во самоизолација, а се регистрирани како матични пациенти во таа ординација. Вакви се барањата на стоматолозите од Тетово, кои потенцираат дека така ќе можат да се заштитат самите и сите други кои доаѓаат на интервенција.

-Јас како матичен стоматолог на, како што во моментов медиумите пишуваат „општината што гори“, немам никаква информација за ниеден од матичните пациенти дека е заразен или во самоизолација, а не можам да ги почитувам докрај мерките и пациентот да ја носи маската во целиот период на интервенцијата. Ние, стоматолозите, очи во очи се соочуваме со вирусот со препорачана дистанца од 30 сантиметри, распрскани аеросоли, интервенција која бара прецизност. Од друга страна, од две маски, очила, визир, капа, скафандер – освен замаглување на очилатА не гледаш ништо, задржуваш здив за да можеш да му ја скратиш маката на пациентот, за кога ќе замине да те благословува што вечерва ќе може око да склопи, по минатата непроспиена ноќ, вели д-р Маре Серафимовска, стоматолог од Тетово.

Таа смета дека сите се подеднакво загрозени од Ковид-19 и поради поделбите во општеството.

-Поделени институции, празни ветувања, борба за парламентарно столче, министерско место, создавање непослушност, меѓусебна верска омраза, се главните кластери на Ковид-19, многу едноставно е. Сите сме исти, подеднакво имуни, без селекција, и не ме интересира кој од „функционерите“ е во самоизолација или заразен, ме интересираат сите заради кои тие се таму, вели д-р Серафимовска.

Граѓаните и читателите на интернет-порталите по новинарските извештаи секојдневно бараат подетални информации за тоа од кои места се заразените од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Рестриктивни мерки и во следните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Ана Ололовска

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1663 пациенти

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти

Ана Ололовска

Филипче: Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти

Ана Ололовска

Десет илјади вакцини на „Фајзер“ треба да пристигнат во земјава

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: Сè ќе издржам, и да ме колнете и да ми пишувате дека ќе одам во затвор, ниту шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе

Мери Јордановска