Стојановска: Македонија е заложник на мафијашите и подземјето контролирани од Спасовски и СДСМ

Од:

Македонија стана дувло на криминалци и заложник на мафијашите и подземјето контролирани од Оливер Спасовски и СДСМ. Последната жртва на ордите на власта и цел на нападот е пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Овој гнасен и кукавички чин претставува директен напад и обид за заплашување како на пратениците, така и на граѓаните рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Дафина Стојановска.

– Ова не е првпат власта да удри врз народните избраници. Пред околу година и половина, на истиот пратеник му беше опожарена викендицата за што виновниците никогаш не се пронајдоа, туку напротив мафијата повторно и во тој случај доби заштита од Оливер Спасовски и СДСМ. Да биде трагедијата уште поголема, овој случај експресно, за само 6 недели беше затворен и заведен како „несреќен случај“ иако во куќата подолг период немало електрично напојување рече Стојановска.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ бара веднаш отворање на истрага и брза реакција за пронаоѓање на виновниците бидејќи токму МВР, Спасовски и СДСМ многу добро ги знаат извршителите на овој кукавички чин. Стојановска најави дека ќе бидат известени сите релевантни меѓународни институции и амбасади со цел осуда и разрешница на ваквите грозоморни и гнасни методи на заплашување од страна на власта.

– Од оваа говорница, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ и сите пратеници кои стојат зад мене, сакаме да им порачаме на власта и криминалците кои ја водат државата дека ова нема да не поколеба и исплаши, туку напротив ќе не поттикне уште повеќе и посилно да се бориме против кукавиците и мафијашите кои ги држат во заложништво граѓаните, институциите и државата рече Стојановска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ