Стојаноски: Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

Од:

Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството.

Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.

Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.

Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.

Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски