Стојаноски: ЈО итно да отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра, менувани се услови во сред постапка за и фирма загубар да може да го добие тендерот

Од:

Три дена изнесуваме сомнежи за местење на тендер во висина од 22 милиони евра за надзор врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, три дена медиуми изнесуваат информации, а ЈО молчи, и токму затоа е ниска довербата во правосудството, зошто истото има потреба со денови да чека кога станува збор за сомнежи за криминал во власта рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ бојан Стојаноски.

– Владата на 30.09.2020 година носи Одлука со која им препорачува на сите институции да не склучуваат договори со ЕПТИСА, затоа што истата работела несоодветно, незаконски и неетички, на железничката пруга Куманово – Бељаковце, една година подоцна Министерството за транспорт и врски носи Потврда со која и издава дозвола ЕПТИСА да може да врши надзор за истите работи за кои веќе еднаш на владина седница е констатирано дека истата работела незаконски, неетички и несоодветно. Власта во тек на јавниот повик за избор на надзор, го менува огласот во два дела, првин го продолжува рокот за поднесување пријави, но и го брише условот само фирми со позитивни биланси од последните 3 години да можат да учествуваат на истиот. Со оваа одлука власта дозволува фирми загубари да се јават и добијат тендер вреден 22 милиони евра. Таква фирма загубар е и ЕПТИСА, која во билансите од 2019, 2020 и 2021 година прикажува милионско загуби. Поради итноста на постапката, имајќи во предвид дека отпочнувањето на работата на автопатите треба да започне брзо, го повикуваме ЈО да не чека и итно да отвори постапка која ќе го расветли случајот рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина