Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени

Од:

Најновата претстава од Илинденска број 2 е поврзана со цените на прехранбените производи. Имено, во текот на минатата недела, поточно во четвртокот Владата ја донесе листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5%. Тоа е трагичниот дел, затоа што во услови на највисока инфлација во изминатите децении, Власта го покачува данокот за 100%. Сега ќе ви го кажам и комичниот дел. Во листата на производи што од денес ќе биде со 10% наместо 5% ДДВ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

– Тука нема перка од ајкули, месо од делфин, кит ама замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени. Поскапи ќе бидат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо. Поскапува и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, рече Стојаноски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Ценовен шок на хрватскиот брег: „Сезоната дури и не започнала, а сокот чини четири евра“

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

ВМРО-ДПМНЕ предлага корекција на платите на пратеници, судии и обвинители

Стојаноски: Да се намалат платите на функционерите за 200 евра, а кај некои од позициите и повеќе

(ВИДЕО) Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати