Стојаноски: Да се отвори постапка за „Санос“

Од:

„Скандалот со „Санос“ станува сериозен. Постои основано сомневање дека преку оваа фирма се врши криминал со перење на пари и неоснован поврат на ДДВ. Оваа фабрика има само три вработени, а според најавите на Зоран Заев треба да произведе 70 автобуси. Сомнително и скандалозно. И повторно како по правило и овој случај се врзува со името на Зоран Заев кој што не само што ја посети фирмата „Санос“, туку и најави дека ќе и дава директно државни субвенции.

Бидејќи од институциите има молк денес бараме Агенцијата за вработување јавно да ја потврди информацијата дека „Санос“ има само 3 вработени и со тоа да го потврди целиот сомнеж дека некој сака преку оваа фирма да прави криминал и да испумпува народни пари на име на државни директни субвенции.

Според информациите од медиумите царината потврдила дека „Санос“ нема направено никаков извоз, што е уште една потврда дека „Санос“ не произведува нови автобуси.

Ги повикуваме сите, вклучително и обвинителството да отворат постапка за скандалот наречен „Санос“ пред да биде премногу доцна и пред да почнат неосновано да му се исплаќаат милионски износи на име државни директни субвенции, како што впрочем најави Зоран Заев.

Мора да се застане на патот на матните зделки и одлевањето на милиони евра во приватни џебови. На потег се институциите, бидејќи граѓаните тоа ќе го направат на 15-ти октомври на локалните избори кога ќе го испорачаат поразот на Зоран Заев и СДС, што ќе биде казна за нивното неодговорно и штетно владеење“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата