Стојаноски: Анѓушев призна дека ја злоупотребил должноста

Од:

„Кочо Анѓушев јавно призна дека ја злоупотребил својата службена положба.

Во обид да се заштити од критиките на јавноста дека истиот не влијаел на добивање на тендерот на ЕЛЕМ за неговата фирма „Фероинвест“ Анѓушев јавно призна дека влијаеле истата да не го добие тендерот.

Анѓушев потврди дека ја користи функцијата вицепремиер во владата на Република Македонија за влијание врз тендерските постапки распишани од државните претпријатија на начин како тој ќе посака.

Кочо Анѓушев дополнително јавно призна дека управителите во неговите фирми се само статисти, а тој е оној кој одлучува за бизнис зделките на неговите фирми, и дали ќе го добијат или не тендерот од државата.

Кочо Анѓушев ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во постапката во која „Фероинвест“ се јави како понудувач, а ЕЛЕМ како корисник на услуги има судир на интереси, бидејќи фактор на одлучување и кај двете страни е Анѓушев.

Анѓушев потврди дека ја злоупотребил својата службена положба. И дека истата може да ја искористи по своја волја.

Граѓаните се фрапирани од изјавата на Анѓушев дека истиот влијаел во која насока да заврши тендерот на ЕЛЕМ.

Ова е директно признание дека претставниците на власта можат да влијаат врз тендерските постапки, а исходот од истите да биде по нивна волја.

Анѓушев треба веднаш да си поднесе оставка на позицијата вицепремиер.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното Јавно обвинителство, да ги истражи фактите во случајот, врз основа на признанието на Анѓушев и да утврди кривична одговорност, за сите инволвирани.

Ова е злоупотреба на функцијата од најголем вид. Граѓаните го гледаат неодговорниот и криминоген однос на СДС и ќе го казнат ваквото однесување на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски