Генерал Стојанче Ангелов, по вчерашниот протест се огласи на својот ФБ профил. Како што пишува, од ДПМНЕ бара да им се извини на граѓаните кои во нивното идиотско соопштение ги нарекува хулигани.
„И јас бев на вечерашниве протести, од почеток до крај. Но јас не сум хулиган!!! Ниту пак луѓето околу мене беа хулигани!!! Всушност, јас вечерва не видов ниту еден хулиган. Видов само луѓе огорчени и бесни од криминалот и беззаконието во нашата држава. Затоа, “Достоинство“ бара од ДПМНЕ да им се извини на граѓаните кои во нивното идиотско соопштение ги нарекува хулигани. Извинете се бидејки во спротивно утре ќе ви се собереме уште повеќе!!!
Вечерва настрада само канцеларијата на Ѓорге Иванов. Од страна на протестантите не беше повреден ниту еден полицаец. Употребата на сила од страна на полицијата и тоа откако сѐ беше завршено, не е оправдано. Затоа утре попладне да се собереме уште повеќе. Да покажаме дека и оваа наша држава има некој кој се грижи за неа. Некој кој е и над Грујо и над Ѓорге. Македонските граѓани. Чесните, добри и трпеливи македонски граѓани. Бидејќи! Доста е! Доста дозволувавме на осведочени мега криминалци да ја уништуваат нашата иднина!“