ГАДОВИ!!!
Добро бе гадови!!! Имате ли барем малку совест??? Остана ли барем малку човечност во вас??? Гадови!!! Ќе бидете казнети!!! Ќе одговарате за смртта на моите другари!!! Ќе одговарате за се што му направивте на мојот народ!!!! Ќе одговарате и тоа бргу!!! Ништо не ве спасува!!! Ниту филмот со нова војна!!! Ни тој филм нема да ви помине!!! До неќни Бранко ви беше крив за сѐ, од неодамна Заев ви е крив за сѐ, па јас сум ви крив за сѐ, па исламски фундаменталисти биле криви за сѐ… Знаете ли што???
На крајот, нема да ве средам ниту јас, ниту Заев, ниту Бранко!!! Ќе ве средат македонските граѓани!!! Ќе ве средат Македонците!!! Бидејки, кога Македонецот се буди, никој не би сакал да му се испречи на патот!!! А тој момент доаѓа!!! Доаѓа моментот кога Македонецот ќе го разбуди заспаниот лав во себе!!! Ќе рикне силно, ќе тргне во мирен напад и ќе ве избрка како стаорци!!!
Граѓани македонски!!! Без разлика на верската, етничката или политичката припадност!!! Сите на протести!!! Без насилство!!! Мирно!!! Срушете ги гадовите!!! Повторувам, без насилство!!! Со бројност!!! Со масовност!!! Возможно е!!! Излезете сите!!! Гадовите ќе побегнат веднаш!!! Бидејки, во основа се кукавици!!! Насилство никако!!! Секој кој ќе биде насилен сметајте го за провокатор!!! Насилството не ни одговара нам! Насилството не и одговара на Република Македонја! Насилството не и прилега на мојата татковина!!! Насилството им одговара само на гадовите кои се виновни за смртта на моите другари!!!
Граѓани македонски!!! Денес Албанците не ги нападнаа Македонците!!! Денес Албанците не ги нападнаа полицајците!!! Денес криминалците ги нападнаа полицајците!!! Денес полицајците војуваат против криминалците!!! Денес полицајците Македонци заедно со полицајците Албанци војуваат против криминалците!!! Да го следиме нивниот пример. На мирни протести, Македонци и Албанци заедно против криминалци!!!
За неколку часа, можеби за неколку дена, специјалците ќе ги средат криминалците. Дел ќе убијат, дел ќе заробат. Полицајци, прашајте ги заробените веднаш штом ги обезбедите, што сакале? Зошто се таму? Кој им рекол да дојдат? Кој им наредил? Што им било ветено како награда? Што добиле за возврат? Ако добиете одговор на некои од овие прашања, многу работи ќе се разјаснат.
Бог да ги прости загинатите полицајци. Бог да ги прости загинатите цивили. Ќе платат сите кои на било кој начин се виновни за нивната смрт. Чувствувам болка, тажен сум и страдам поради нивната смрт. Сочувствувам со нивните семејства. Со нивните мали деца. Со нивните родители. Со нивните сопруги. Со сите нивни блиски. Силно се молам да преживеат тешко ранетите. Се молам побргу да оздрават полесно ранетите. Бог нека биде со нив.
П.С. Немам време да ги следам вашите пораки и коментари. Има и песочна бура.
09.05.2015 година, 16.26 по МК време.
Генерал Стојанче Ангелов