Стојан Ѓоргоски – нов кум за Водици во Охрид

Од:

Кум за празникот Богојавление Водици на 19-ти јануари во Охрид ќе биде приватниот бизнисмен Стојан Ѓоргоски. Во име на кумството, тој на Свети Пантелјмон на Плаошник ќе му подари 10 илјади евра со цел разубавување на манастирот, а на Здружението Богојавление, кое што е организатор на манифестацијата Водици, ќе му подари 2 илјади евра

Ѓоргоски рече дека сака да помогне црквата на Плаошник да биде една од најубавите во Македонија и пошироко и оти со задоволство се нафатил да биде кум на годинешната манифестација.

На 20-ти јануари, денот на рибарите ќе се приготвуваат пет тони рибја чорба, за која веќе е поднесена апликација до Гинис, да биде прогласена за најголемо количество рибја чорба досега подготвена.

И покрај поканата од Богојавление до рускиот претседател Владимир Путин, да присуствува на манифестацијата, засега нема никаков одговор од нивна страна, а организаторите се надеваат дека ако ништо друго, Путин ќе пушти свои преставници во Охрид

И понатаму останува желбата на организаторите, манифестацијата да прерасне во централна манифестација во Македонија, а во иднина и централна манифестација за целиот православен свет.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска