Стоилковски: За Груби и резервниот премиер Ковачевски иста вредност имаат и легалните градби и дивоградбите

Од:

За Артан Груби и Димитар Ковачевски, за ДУИ и СДС, законот и беззаконието исто се вреднува, легалните градби и дивоградбите исто ќе се обештетуваат рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– За Груби и резервниот премиер Ковачевски нема разлика меѓу законското и незаконското, исто тежат и законот и криминалот. Иста вредност имаат и легалното и нелегалното. Со законските измени по потпишаниот договор за изградба на автопатишта, прифатиле промена на законот за експопријација, со тоа што би се вметнало иста вредност за обештетување да има за сите градби што би се рушеле, а се на трасата на автопатот. Иста вредност и за легално изградените објекти, оние што се градени со закон, со дозвола, со платени комуналии, давачки и данок, но и за дивоизградените објекти. Шефот на Ковачевски, Артан Груби веќе обелодени дека речиси половина од земјиштето на трасата, 45% од неа, минува низ приватни имоти. Ако веќе трасата е позната, а нема да се бара документ за легализација, тоа значи дека сега некој да почне да гради карабина, без никаква дозвола, утре ќе му биде платено како да ја минал цела процедура и да има платени давачки кон државата рече Стоилковски.

закон! ДУИ и СДС со вакво решение прават целосно кршење на принципот на владеење на правото и на причината за постоење на закони!

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?