Стоилковски: Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем не застанува

Од:

Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем, препознаени и надвор од Македонија, не застанува.Случајот со Весна Дамева и одлуката на Управниот суд покажува само дека, ако во Судскиот совет се разрешува претседател, ако се работи незаконски и се носат одлуки спротивно на пишаните норми, што останува за обичниот граѓанин, којшто бара правда пред било која истанца на македонското судство вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Разрешувањето на Дамева, претходната оставка заради нагласена политички- бизнис притисоци врз Црвенковска, изборот на претседател на Советот по Дамева, и сега одлуката на Управниот суд, во очите на домашната и меѓународна јавност се опишуваат со македонската “Од шупливо- во празно”. Да имаат грам достоинство, членовите на судскиот совет веднаш би требало да си поднесат оставка. Ова нема крај, препознаени се истите игри и врз Врховниот суд, закани за разрешувања, коишто носат дополнителен немир и несигурност кај граѓаните, но и аларм кај меѓународната јавност. Никогаш не било полошо. Хаосот во судството е резултат на владеењето на ДУИ и СДС, резултат на политички одлуки и пишување на закони во партиски штабови по мерка на криминалот. За оваа ситуација директно одговори се СДС, ДУИ, Ковачевски и Пендаровски. Тие и нивните пратеници ги бираа главните актери во оваа сапунска серија, за што постои и признание од страна на Пендаровски рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава