Стоилковски: Срамно образложението дека Хоџа сам одлучил да се повлече

Од:

„Срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија. Зоран Заев лаже! Ве повикувам заедно да ја слушнеме изјавата на Хоџа во која самиот тој кажува колку му е на него грижа за Македонија.

Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои. Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега. Сега да погледнеме како размислува Хоџа за војна и за припојување кон Албанија или Косово, пред да биде поставен на висока функција од неговата политички звезда Зоран Заев“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев пред да го именува таканаречениот Командант Хоџа за свој премиерски советник ги знаел овие негови ставови. Така што Зоран Заев лаже. Тој се сретнал со него и разговарале за позициите на Џезаир Шаќири кој се наоѓа и на американската црната листа. И покрај се, Заев одлучил дека тој е најкомпетентен да му биде советник за безбедност и борба против радикализам.

Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво. Зоран Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Пред само неколку дена дури и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата.

Време е сите овие натуршци во македонската политика да си заминат. Граѓаните не заслужуваат ваква неодговорна и криминална власт“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски