Стоилковски: Шилегов на местото на семејната куќа во Карпош гради луксузна зграда, ама дивоградба

Од:

Петре Шилегов градоначалник на Скопје во заминување, на местото на својата семејна куќа во Карпош гради луксузна зграда, ама дивоградба. На семејната зграда во Карпош, Шилегов на диво и додава цели два ката. Гради дивоградба за која што нема ниеден основ за дозвола за градба рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова е извадок од важечки ДУП за парцелата каде што Шилегов гради дивоградба.Тука стои висина, највисоката кота, од 8.8 метри, и ништо повеќе не е легално. Тоа е во висина на соседните куќи. Според ДУП-от наведено е приземје еден кат и поткровје, односно П+1+Пк. За поткровје се смета страничен ѕид не повисок од 1.2 метри, исто како кај соседните куќи. Се’ над тоа се смета за кат, и се над тоа според овој ДУП е дивоградба. Не постои друг валиден документ со други параметри кои дозволува дополнителна градба освен доградба и реконструкција на постојната градба, или евентуално нејзино рушење и добивање на одобрение за градење со катност П+1+Пк. Надлежна институција за издавање на дозвола за градба, доградба, реконструкција е општина Карпош, секторот за урбанизам односно Градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стефан Богоев. Согласно општина Карпош, за наведената локација постои валиден детален урбанистички план со наслов “Детален урбанистички план за населба Тафталиџе 1-Тафталиџе 1 Север 1” Одлука бр.07-3743/1 од 08.06.2021 година. Ама, Шилегов врз овој кат изградил уште еден. Тоа не е кровна конструкција. Значи врз вториот кат изградил уште еден што не е кровна конструкција. Ова е кат, покриена тераса со што излегува над дозволеното за цели два ката, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски