Стоилковски: Која е улогата на Љупчо Кузмановски, кадар на СДС, во бегството од затворот Идризово?

Од:

Денеска одиме понатаму со испреплетени партизирани решенија во затворската администрација, одговорни за спектакуларното бегство. Зечевиќ и СДС мора да кажат каква е улогата на Љупчо Кузмановски во сценариото за бегството на Беким Мемети рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Дали Љупчо Кузмановски е советник за безбедност во КПУ Идризово, дали е советник на директорот Шпенд Тахири? Дали како советник на директорот, е директно одговорен за безбедноста на затворот и за спроведување на затвореници, со тоа директно одговорен за бегството на Беким Мемети, осуден затвореник за убиство? Дали Љупчо Кузмановски е дел од затворската администрација на барање на Зечевиќ, во исполнение на Марјан Спасовски, директорот на санкции праша Стоилковски.

Тој погажа фотографија за која објасни дека на неа се заедно Срѓан Димитриевски, викан Попот и Љупчо Кузмановски, советник за безбедност на директорот на КПУ Идризово, Шпенд Тахири.

– Кузмановски и сега е познат на јавноста по срамното спречување на народот да присуствува на прославата на Крушево, минатата година да присуствува на Мечкин Камен како дел од параполицијата на СДС вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ