Стоилковски: Извештајот на Темелко Ристевски мора да е основа за истрага на ЈО за партизација и злоупотреба на буџет во партиски цели

Од:

Службен документ, архивиран, од МО покажува за што, само во овој случај, се исплатени над 9.000 евра- за пишување партиски агитациски текстови и предизборни статуси во корист на СДСМ. Темелко Ристески не е случаен човек или човек кој што не знае што може да биде дел од таков службен извештај. МО, државниот секретар, исто така, го прифаќа овој извештај, документ, како нешто нормално рече на прес конференцијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Само за Темелко Ристески, од буџетот, преку МО, 14 пати му се исплаќани по 30.000 денари, два пати по 45.000 денари, еднаш над 20.000 денари и уште неколку пати во помали суми. За овие пари, Темелко Ристески пишува извештај до државниот секретар во МО, во којшто наведува цитирам “активно следење на изборната кампања и парламентарните избори до објавување на конечните резултати”, потоа дека напишал 10 објави на Фб за поддршка на коалицијата на СДСМ, дека напишал два агитациски текста објавени преку профилот на Партијата на пензионерите на фејзбук, а известува и за директни и телефонски контакти со претседател на политичка партија во насока на изборна агитација во корист на СДСМ. Извештајот на Темелко Ристески мора да биде основа и почетна точка за детална истрага не само од ДКСК, туку и за ЈО. Таа истрага мора да покаже уште колку вакви извештаи постојат, уште колку лица се ангажирани и плаќани со буџетски пари за партиски активизам. Јавната администрација за неколку години е зголемена за над 30.000 лица рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата

Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница

ВМРО-ДПМНЕ бара да се донесе одлуката за Анкетната комисија за Онкологија

Стоилковски: 10 дена нема ништо, Онкологија ќе заврши како модуларна и Беса транс

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш