Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС?

Од:

Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“. Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“ вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски