Стипендии за првоодделенци со попреченост за учебната 2021/2022

Од:

Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Целта на проектот е целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Во текот на учебната 2020/2021 година, преку овој проект се обезбедени стипендии на 322 деца со попреченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Проектот ќе ја продолжи поддршката на овие ученици, но и ќе овозможи дополнителни стипендии за нови 150 ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година.

Стипендијата е во месечен износ од 50 евра во денарска противвредност и ќе се доделува десет месеци, (септември 2021 – јуни 2022). Пријавувањето е до 30 септември 2021. Во конкурсот е достапна пријавата за аплицирање и се содржани информации за потребните документи и нивното поднесување.

Со доделување на стипендиите им се помага на семејствата на децата со попреченост за трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема, воннаставни активности, асистенти за помош/едукација, трошоци за терапија, транспортни трошоци или други слични специфични потреби, а воедно целта на проектот е да се поддржи процесот на проактивно и засилено запишување на ученици со попреченост во редовните училишта.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет