Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Од:

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Mobility Programme).

– Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високообразовни институции и истражувачки организации, за академската 2021/2022 година, објави Министерството за образование и наука на својата веб-страница.

Информации за условите за стипендиите на Словачката национална програма за мобилност се објавени на веб-страниците www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб-страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до 31 октомври 2021 година, до 16 часот по централно европско време. За дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на мејлот [email protected].

Би можело да ве интересира

Словачка доби одобрение да увезува руска нафта

ВИДЕО: 79 повредени во судир на возови во Словачка

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

Партијата на европските социјалисти го исклучи од членство Роберт Фицо

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Пелгрини: ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја затоа што доаѓа момент кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат