Стевчо Јакимовски приведен, се бара притвор за ексградоначалникот

Од:

За ексградоначалникот на Карпош се бара притвор поради незаконското спроведување на три тендери за општинските бараки и плоштадот во Жданец, во чии рамки не била активирана банкарска гаранција.

Откако екипите на финансиската полиција го напуштиле синоќа домот на Јакимовски, тој веднаш по нив и заедно со својот адвокат Виктор Цветковски заминал на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка.

– Половина час пред полноќ Стевчо Јакимовски е лишен од слобода и во следните 24 часа мора да биде изведен пред судија на претходна постапка, во меѓувреме ќе биде во полициската станица. Сметаме дека нема доказ за злоупотреба на службената положба, ова е атак на неговиот политички ангажман, кој не е случајно одбран. Кога е судска ферија во август, кога институциите работат со редуцирани одмори, некому му текна дека Стевчо Јакимовски треба да се апси во месец август, сето тоа потврдува дека ова е атак на неговото политичко делување, изјави синоќа неговиот адвокат Виктор Цветковски.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он