Стевчо Јакимовски, ќе почнам да Ве шарам и персонално. Има боја која не се мие. Кога Вам не Ви е срам!

Од:

Не ми зборувај за штета од боја … Не ми зборувај за култура на однесување… Не ми зборувај за патриотизам… Не ми зборувај за слобода… Не ми зборувај дека сите се исти… Не ми зборувај, не се осудувај! Не вели ми „благодарам“ за она за што впрочем сум и избран.Не превртувај ми ги тезите. Не нуди ми се за кампања, не викај ме на непринципиелен ручек, не пуштај ме преку ред, не оставај ме заради напишаново против тебе да чекам.

Нека течат принципот и професионализмот. Ама за криминалциве, не ми зборувај. Никогаш! Мртви деца, убиени војници, журки со алкохол и кокаин од наши пари… Провизии, тендери, корумпирани лекари, судии… Убиено достоинство, скршени емоции, локва крв, душа „на кило“…

Не ми зборувај за љубов, романтика, интегрирање… Не ми зборувај да се чувам. Што би чувал кога ми украдовте многу повеќе од тоа што поседував? Ми украдовте сни, дни, можности, буџети, пријателства, достоинство, век, мисла, разум, образование, минута, празник, здравствени установи. Ми го испревртевте речникот, поимањето на зборовите сендвич и хулиган. Поимот за ревносност. Платон има многу повеќе да Ви каже за политиката.

Инаку, Те гледав Стевче Јакимовски. Вчеравечер. Знам дека поимот за политика Ти и таквите како Тебе кои за Никола имаат пофални зборови, го доведовте до ова дереџе. Ако веќе сите кои се занимаваме со политика станавме проститутки на шипка, тоа не значи дека секој може да ни става пари со плунка залепени по телото.

Има луѓе во оваа професија кои ќе изиграат во служба на народот, после се заблагодаруваат, се покриваат со голема крпа и како професионалци го чекаат својот хонорар кој е оданочен, со платени ноќни саати и државни празници.

Затоа, зборувај ми за Илија, Мартин, Горде, Никола, Сашо, Аспазија, Владо, Бети, Ѓорѓе и уште околу четириесет илјади соучесници. Зборувај ми за радикализација.

После “Шарената револуција” никогаш нема да е исто во оваа земја. Никогаш! И да, не ми e срам, ќе почнам да Ве шарам и персонално. Има боја која не се мие. Кога Вам не Ви е срам… А и од каде храброста да ме прашате: Зарем ова е начин? Вака,ќе Ви ги боиме приватните домови, автомобили, односно се’ за што ќе се докаже дека е украдено..

Бетон, така беше? Образ – бетон. Не заборавајте дека еден ден барем едно од Вашите деца ќе Ве праша што се случувало. Ќе најдете одговор како секој родител- доволно умесен. Но, “Гугл” сигурно ќе им раскаже повеќе… Мојата мајка е просветен професор, блиску до пензија. Кога ќе ја прашаат за дополнителна помош односно приватен час, помага. Кога инсистираат да платат, едноставно вели: „Не секаде поминуваат пари, за разлика од знаењето“… За храброста, пак, често спориме…

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска