Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

Од:

На последната седница на Советот на општина Гази Баба, членот на Советот Марија Ѓошевска која доаѓаше од редовите на Левица ја напушти партијата и изјави дека ќе делува како независен советник кој ќе го поддржува развојот на општина Гази Баба вели во реакција на обвинувањата о Левица граоначалникот на Општина Гази Баба Боба Стефковски.

– Изминатите денови претставници од политичката партија Левица, соочени со фактот за незадоволство во своите редови кои се последица на деструктивното однесување на раководството на партијата, обвинуваат дека одлуката на советникот Ѓошевска е предмет на политички пазар нешто што е целосна лага. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” имаат стабилно мнозинство во Советот на општина Гази Баба кое го сочинуваат 16 од вкупно 27 советници, што самото по себе говори дека на мнозинството не му се потребни дополнителен број на советници. Дадов јавна поддршка на одлуката на советничката Ѓошевска бидејќи таа ја препозна мојата визија која носи напредок и развој на општина Гази Баба во секоја област. Доказ за тоа е и фактот што пред неколку месеци и член на Советот од советничката група на СДСМ ја напушти партијата и делува како независен советник кој ги поддржува проектите кои се реализираат за доброто на граѓаните, се вели во соопштението од Кабинетото на Стевковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира