Стефковски бара Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово поднесе Иницијатива до Град Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба.

За иницијативата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страница на фејсбук.

– Почитувани граѓани, сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека утрово поднесов Иницијатива до Град Скопје со барање за враќање на старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба. На предлог на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, Советот на Град Скопје на својата 67-ма седница одржана на 30 март 2021 година донел Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Градот Скопје, напиша Стефковски.

Според него, без никаква консултација и согласност со граѓаните на општина Гази Баба, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 34 улици меѓу кои: „Фуштанска“, „Радован Ковачевиќ“, краци од „Благоја Стефковски“, крак од улица „Товарник“ и други улици.

-До мене како градоначалник, изминатиот период пристигнаа голем број на реакции од граѓаните што ги сметам за оправдани, бидејќи без дијалог и согласност од граѓаните не се донесуваат одлуки. Барањата на граѓаните се и мои барања. Некој воден од лични и политички причини во пресрет на тогашните локални избори спровел нетранспарентен процес и затоа барам истиот во целост да биде поништен.
Од првиот ден на мојот мандат кажав дека секогаш ќе бидам на страната на граѓаните на општина Гази Баба, така било до сега и така ќе биде секогаш, напиша Стефковски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека водат политиката на инает со граѓаните

Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска

Горан Наумовски

Град Скопје: Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ бега од одговорност

Град Скопје: Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници

Горан Наумовски