Стефанова на распит во Обвнителството, втор ден ги избегнува камерите

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, дојде на распит во Обвинителството за организиран криминал, но ги избегна новинарските екипи и камерите. Таа не влезе од службениот, а ниту низ влезот за странки кој е затворен.

Стефанова втор ден ги избегнува камерите. Таа на вчерашното судење за „Титаник” влезе исто така низ спореден влез во судот, а по завршувањето на рочиштето не даде изјава.

Распитот го води обвинителката Ивана Трајчева, која ја заменува Вилма Русковска додека е на одмор.

Според објавените снимки, Јанева додека Боки 13 разговара со бизнисменот Орце Камчев, вели дека ја има под контрола Стефанова која го води предметот „Империја“ каде обвинет е бизнисменот.

Стефанова по аудио снимката во писмена изјава рече дека Јанева носела одлуки за „Империја” без нејзино знаење, вклучувајќи го и враќањето на пасошот на Камчев. Таа во изјавата потенцираше и дека Јанева барала да се затвори предметот “Империја” со спогодба со осомничените.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители