Стечајниот управник на А1 ТВ најавува скорешна исплата на поранешните вработени и доверителите

Од:

Стечајниот управник на поранешната А1 Телевизија, Ацо Петров се надева дека наскоро ќе бидат исплатени двете заостанати плати на вработените

За телевизиската опрема на поранешната А1 телевизија има помал интерес изјави за А1он стечајниот управник на телевизија Ацо Петров.

Според него најверојатно причина за тоа е дигитализацијата на медиумите во Македонија која треба да се случи наредната 2013 година, но очекува дека поголем дел од опремата ќе се продаде на третиот по ред оглас.

„Веќе има впаричување на стечајната маса за имотот кој е имот на А1, а за оној имот каде доверител е една деловна банка,банката ја спроведува таа хипотека. За имотот на А1 кој не е под хипотека тече трет оглас за негова продажба.

– Станува збор за телевизиска опрема и возилата. Нешто од опремата меѓу кои и печатарска опрема е веќе продадена уште на првиот оглас, додека за телевизиската опрема со оглед на воведувањето на дигитализацијата во 2013 година за неја има послаб интерес. Се надевам дека за таа опрема некој од приватните телевизиски медиуми ќе најде свој интерес да ја купи“ рече Петров за А1он.

Петров очекува дека наскоро на поранешните вработени во А1 ќе им бидат исплатени двете заостанати плати.

„Парите од продажбата на целокупниот имот на А1 и од она што до сега е продадено ќе бидат уплатени на стечајна жиро сметка и ќе бидат предмет на распределба согласно законот за стечај.

– Парите ќе бидат искористени за подмирување на доверителите, а предност ќе имаат и неисплатените плати на поранешните вработени во А1. Според моето првично согледување се надевам дека ќе собереме пари за исплата на платите на вработените Вредноста на целокупната опрема на А1 е проценета на околу 2 милиони евра, но проблем е тоа што дел од опремата е под хипотека кај една од банките“, додава Петров.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време